logo
logo
logo

Која е сопругата на милијардерот, кој накратко му ја зема титулата на Маск?

Vecer | 07.12.2022

Која е сопругата на милијардерот, кој накратко му ја зема титулата на Маск?

Човекот чие богатство се проценува на 185,4 милијарди долари е француски деловен магнат и извршен директор на луксузниот бренд Луј Витон. Арно е во брак со Хелен Мерсие, светски позната концертна пијанистка од Канада. Во брак се 21 година и заедно имаат три деца.

Хелен Мерсие ја започна својата кариера како пијанистка во Канада, каде што освоила бројни награди, а студирала на Џулиард во Њујорк и на Парискиот конзерваториум.

Љубовта кон музиката ги споила и се запознале во 1989 година на една вечера. Истата година заедно ја прославиле Новата година, а откако отишле во неговиот дом на шолја чај, Мерсиер го замолила да ѝ отсвири нешто.

„Рацете му се тресеа, умираше од страв, но беше решен да игра до крај“, откри Мерсие за Волстрит журнал. Осум месеци по тој датум, тие се венчаа, а на приватната церемонија присуствувале само пет лица.

Арно и Мерсие имаат три сина. Најстариот Александар е директор на Rimowa, бренд за луксузен багаж, а нивниот втор син Фредерик е исто така дел од семејниот бизнис, додека најмладиот, 20-годишниот Жан, се уште не влегол во светот на бизнисот.

Мерсие се обидела да им ја пренесе љубовта кон музиката на своите синови и ги охрабрувала да се занимаваат со музички кариери, но тие решиле да ги следат стапките на својот татко.

Во 2019 година, Арно и Мерсие го привлекоа вниманието на јавноста кога ветија дека ќе дадат дури 222 милиони долари помош за реставрација на опустошената Нотр Дам.

Истата година, тие се обврзаа на донација од 11 милиони долари за да помогнат во гаснењето на пожарот што го зафати Амазон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk