logo
logo
logo

КОЈ ЈА ПРЕДАДЕ АНА ФРАНК: Вештачка интелигенција откри нови детали

Vecer | 12.03.2021

КОЈ ЈА ПРЕДАДЕ АНА ФРАНК: Вештачка интелигенција откри нови детали

Се ближи крајот на повеќе годишната истрага, чија цел е со најсовремени форензички методи, да се утврди кој во 1944 година им го открил на нацистите местото каде се крие легендарната девојка Ана Франк со своето семејство.

Истрагата ја води пензионираниот агент на американското ФБИ, Винсент Панкок, кој вели дека наодите на неговиот тим ќе бидат обелоденети во книга која што ќе се објави следната година.

Тој додава дека истрагата била спроведена на ист начин како што е случај во современите злосторства, каде полицијата „настапува на место“, но затоа се потребни нови докази со цел да се започне од мртвата точка.

Исто така, еден од методите е употреба на вештачка интелигенција.

Патем, Ана Франк е една од најпознатите еврејски жртви на Холокаустот. Додека се криела од нацистите, таа ја напишала книгата познната како Дневникот на Ана Франк.

Родена е во Франкфурт на Мајна, Германија, но поголемиот дел од животот го поминала во Амстердам. Била државјанин на Германија сè до 1941 година, кога и било одземено државјанството според новите закони.

Ана Франк стана позната по нејзината смрт, благодарение на објавувањето на нејзиниот дневник. Во него, таа го опишува животот додека се криела за време на нацистичката окупација во Втората светска војна.

Семејството на Ана се преселило во Холандија во 1933 година, која беше окупирана од нацистичка Германија во 1940 година. Кога во 1942 година зачестиле прогоните на Евреите, се криеле во тајните простории во канцеларијата на Ото Франк - Тајната скривница.

По две години, нивното засолниште било откриено а семејствата Франк, Ван Пелс и Фриц Фефер биле депортирани во логорите. Ана починала по седум месеци од тифус во концентрациониот логор Берген-Белсен, неколку дена по смртта на нејзината сестра Марго.

Таткото на Ана, Ото Франк, единствениот преживеан од војната, се вратил во Амстердам и го објавил дневникот на својата ќерка. Дневникот, во кој Ана пишувала од 12 јуни 1942 година до 1 август 1944 година, е објавен во 1947 година во оригинална и делумно скратена верзија на холандски јазик.

Според холандските медиуми, околу триесет лица биле предмет на истрага, кои имале или можеле да имаат информации за местото каде се криела Ана Франк.

Анс ван Дијк се изјасни за виновна за апсење на 145 лица, вклучувајќи го нејзиниот брат и членовите на неговото семејство, за што беше погубена во 1948 година, но од истражувачкит центар на куќата на Ана Франк, а ниту полициските истраги досега не најдоа одговори на голем број прашања во врска со семејството Франк.

По војната, холандската полиција, на инсистирање на Ото Франк, започнала истрага за околностите на откривањето на засолништето на Ана. Нејзиниот татко се посомневал во работник во магацин, но немало цврсти докази за тоа.

Истражувањето спроведено од фондацијата Ана Франк заврши пред неколку години со заклучок дека Гестапо го открило засолништето сосема случајно, а не како резултат на нечиј извештај, како што се сметаше претходно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk