logo
logo
logo

Кои се неработни денови во јануари?

Vecer | 22.12.2025

Кои се неработни денови во јануари?

Ако го погледнете деталниот календар на неработни денови во 2026 година, ќе сфатите дека има многу поврзани слободни денови и околу Велигден, но и околу Први мај. Сепак, еве што ни носи јануари за почеток.

Празничната сезона е веќе во полн ек и, иако има уште околу осум дена до крајот на годината, сите ги планираат смените, дежурствата, но и ги бројат деновите за одмор.

Што се однесува до декември, 31 декември паѓа во среда и е работен ден, па многумина ќе заминат директно од работа на дочекот, а веќе во четврток, на 1 јануари – празнуваме и тоа е неработен ден.

Во петокот на 2. јануари,  работните обврски кратко продолжуваат, а потоа следува викенд пауза, сè до понеделник, 5 јануари, кој е работен ден. Веќе на 6 и 7 јануари ги празнуваме Бадник и Божиќ, па на работа се враќаме дури на 8 јануари.

Ако мислевте дека тука завршуваат слободните денови во јануари – се лажете, бидејќи ни претстои и 19 јануари, односно понеделник, кога се празнува Богојавление (Водици) за сите граѓани од православна вероисповед, и тоа е неработен ден.

За припадниците на српската заедница, неработен ден ќе биде и 27 јануари – денот кога се празнува Свети Сава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk