„Другите ученици доаѓаат и ѝ велат на Атина: „Дали ти си таа што повеќе не е принцеза?“ – раскажува принцезата Мари. Таа додаде дека нејзините деца сега се во очите на јавноста и чувствува потреба да ги одбрани.

„Нашите деца станаа изложени на јавноста за краток период. Како родители немавме време да ги подготвиме за промените и реакциите на луѓето“, додаде Мари.

Принцот Јоаким претходно изјави дека неговите деца биле „казнети“ со овој потег, а веста за одземањето на титулите му била соопштена само пет дена пред нејзиното објавување.

„Сите сме многу тажни. Никогаш не е лесно да видите како кон вашите деца се однесуваат лошо. Тие се во ситуација што не ја разбираат. Во мај ми беше претставен план кој во основа најави дека децата ќе ги загубат титулите кога ќе наполнат 25 години. Атина ќе има 11 години во јануари“, рече тој.

Потсетуваме дека од 1 јануари 2023 година, принцот Николај, принцот Феликс, принцот Хенрик и принцезата Атина повеќе нема да бидат принцови и принцеза. Наместо тоа, ќе ги користат титулите гроф и грофица, а од следната година нема да се викаат височество, туку екселенција. Данската кралица рече дека тоа е во согласност со „другите кралски куќи“.