logo
logo
logo

Кинеската компанија за вештачка интелигенција DeepSeek ги импресионира технолошките гиганти

Vecer | 27.01.2025

Кинеската компанија за вештачка интелигенција DeepSeek ги импресионира технолошките гиганти

Кинеската компанија за развој на вештачка интелигенција DeepSeek објави отворена верзија на својот модел со вештачка интелигенција R1, кој привлече големо внимание во Силиконската долина бидејќи напредниот модел е подобар од американските производи по некои параметри и во исто време е направен по значително пониска цена.

Марк Андреесен од фирмата за ризичен капитал Andreessen Horowitz рече дека DeepSeek е „едно од најневеројатните и најимпресивните откритија“ што некогаш ги видел, пишува Tech Crunch.

Перформансите на R1 се навидум еднакви или подобри од моделот o1 на калифорниската фирма Open AI, додека кинеската компанија тврди дека обуката на нејзиниот модел чинела само 5,6 милиони долари.

Ова е занемарлива сума во споредба со стотиците милиони долари што американските компании ги инвестираат во оваа сфера.

„DeepSeek покажува дека е можно да се развијат моќни модели на вештачка интелигенција кои чинат помалку“, вели Веи-Серн Линг, директор на швајцарската финансиска институција Union Banker Prive, пренесе Блумберг.

Според него, кинескиот модел може да го наруши целиот инвестициски систем за синџирот на снабдување со вештачка интелигенција со висока потрошувачка.

Акциите на технолошките компании Nvidia, Microsoft, Apple и многу други фирми како холандската ASML реагираа со пад.

Производот DeepSeek е „длабоко проблематичен за тезата дека значителните капитални и оперативни трошоци на Силиконската долина се најсоодветниот начин да се пристапи кон трендот на вештачката интелигенција“, рече Ниргунан Тиручелвам, шеф на потрошувачите и интернетот во Aletea Capital со седиште во Сингапур.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk