logo
logo
logo

Кинеска компанија ќе бара итно објаснување од Албанија по одлуката за затворање на Тик Ток

Vecer | 22.12.2024

Кинеска компанија ќе бара итно објаснување од Албанија по одлуката за затворање на Тик Ток

Кинеската компанија наведува дека не нашла докази дека сторителот или жртвата на тепачката пред училиштето „Фан Ноли“ во Тирана, имал сметки на оваа платформата и дека бројните извештаи потврдиле дека видеата кои довеле до оваа трагедија биле објавени на друга платформа.

Според одлуката што ја објави вчера премиерот Еди Рама, во 2025 година платформата Тик Ток нема да биде достапна на територијата на Албанија на која било возраст, како дел од планот за зголемување на безбедноста во училиштата.

-Одлуката е донесена по едномесечните консултации меѓу претставниците на образованието и родителите, по убиството со нож на 14-годишниот Мартин Цани, ученик во училиштето „Фан Ноли“, за време на конфликт со друг ученик од истото училиште, што се случи на 18 ноември 2024 година. На одлука и претходеа 1.300 средби на кои  присуствуваа 65 илјади родители. Во Република Албанија повеќе нема да има Тик Ток, рече Рама.

На средбите Платформата е обвинета за поттикнување насилство и малтретирање, особено меѓу децата а албанските експерти оценуваат дека токму децата ја сочинуваат најголемата група корисници на Тик Ток во земјата.

Албанија е прва земја во регионот која го блокира Тик Ток. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk