Контрацептивните средства повеќе нема да се сметаат за производи ослободени од данок, што значи дека на нив ќе се применува стандардната стапка на ДДВ од 13 проценти.
Овој потег предизвика дебата на социјалните мрежи за тоа дали е поврзан со напорите на кинеското раководство да ја зголеми стапката на наталитет во земјата. Одлуката беше и предмет на потсмев од страна на дел од корисниците.
Еден коментатор се запраша „кој експерт“ ја осмислил идејата, наведувајќи дека повисоките трошоци за контрацепција се мешаат во приватниот живот на паровите и може да имаат долгорочни последици за односите.
Друг корисник оцени дека ниските приходи и ограниченото време за одмор се главните причини за ниската стапка на наталитет во Кина.
Кина започна со ублажување на децениската политика на едно дете во средината на 2010-тите години, воведувајќи ограничување од две деца во 2016 година, а од 2021 година дозволи паровите да имаат до три деца, соочувајќи се со брзо стареење на населението и почеток на демографски пад.
И покрај мерките како даночни олеснувања, продолжено породилно и родителско отсуство и локални субвенции, властите имаат тешкотии да ги охрабрат граѓаните да имаат повеќе деца.
Аналитичарите како клучни фактори за нискиот наталитет ги наведуваат високите трошоци за живот, скапото домување, силниот притисок во образованието и несигурните приходи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата