ОВЕН
Ќе се соочите со неколку сомнежи поврзани со луѓето со кои работите. Не сте сигурни колку можете да сметате на нивната искреност и лојалност. Едно лице е големо искушение за вас. Не можеш да престанеш да мислиш на неа.
БИК
Многу сте нерасположени бидејќи очекувавте некакви пофалби или добивавте проект кој совршено ќе ви одговара. Почнувате да се сомневате дали сте вложиле доволно труд во работата во претходниот период. Контакт со поранешен емотивен партнер.
БЛИЗНАЦИ
Може да има неколку непријатни ситуации на работа. Напнатост и како да се очекува некаква дискусија. Со малку трпение и толеранција – сè ќе се среди наскоро. Лоша комуникација и недоразбирање со партнерот.
РАК
Некои неочекувани ситуации на работа кои ве загрижуваат. Не сте сигурни во која насока понатаму ќе се развива ситуацијата. Емотивниот партнер ве потсетува на минатите проблеми кои повеќе би сакале да ги заборавите.
ЛАВ
Денот е добар за оние кои се занимаваат со креативност и уметност. Исто така, силна интуиција, за да почувствувате како „дишат“ луѓето со кои доаѓате во контакт. Со интерес забележувате дека некоја личност се обидува да ви пријде.
ДЕВИЦА
Не сакате да се грижите за малите грешки што сте ги направиле. Свесни сте дека тоа е лесно и можно да се поправи. Денот е првенствено добар за се што сакате да иницирате во врска со љубовта. Подготвени сте некому да ги признаете своите чувства.
ВАГА
Добар ден за контакти со помладите соработници. Можеби ќе треба да му објасните на колегата за принципите на работа и како функционира работното место. Ве привлекуваат весели и хумористични луѓе Комуникацијата ви одговара бидејќи го подобрува вашето расположение.
СКОРПИЈА
Се соочувате со пречка што не ја очекувавте. Исто така, можно е да имате несогласувања или расправии со претпоставените. Во контакт со саканата личност се обидувате да извлечете информации кои многу ве интересираат.
СТРЕЛЕЦ
Денес преземате максимална одговорност. Доаѓате во контакт со луѓе кои имаат големо животно искуство и кои можат да ви бидат од помош. Вашата сакана сака едно, а вие друго. Обидете се да се договорите и да го испланирате денот.
ЈАРЕЦ
Не сте сигурни за договор и мислите дека другата страна нема да го испочитува. Непријатно потсетување на обврска што не сте ја исполниле. Набљудувате личност која ви се допаѓа, обидувајќи се да откриете дали ве привлекува.
ВОДОЛИЈА
Можеби некои од вашите зборови или мислења би можеле да ги задржите за себе, бидејќи непотребно ќе внесете доза на напнатост и недоверба во деловното опкружување. Ќе уживате во средбата со некој со кој можете целосно да се опуштите.
РИБИ
Некои луѓе ги иритирате, но сте принудени да воспоставите деловна соработка со нив. Ова е особено нагласено за оние кои се занимаваат со приватен бизнис. Сакате да видите некој кој секогаш ви носи релаксација и насмевка.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата