logo
logo
logo

Заборавете на АЛЕРГИИТЕ оваа пролет! Со овие ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ повеќе нема постојано да кивате и да бегате од потенцијалните алергени

Vecer | 14.03.2025

Заборавете на АЛЕРГИИТЕ оваа пролет! Со овие ПРИРОДНИ СОСТОЈКИ повеќе нема постојано да кивате и да бегате од потенцијалните алергени

Го знаете тоа чувство кога сè цвета, пријателите и семејството се надвор, а вие не излегувате. Се плашите да ја извадите главата низ прозорец додека проветрувате затоа што ќе кивате.

За конечно да се ослободите од пролетните алергии и да уживате во убавото време без да се чувствувате затнато, пробајте ги следните состојки кои веќе ги имате.

Јаболков оцет

Измешајте една лажичка оцет во чаша топла вода и пијте три пати на ден. Помага да се избегнат симптомите на алергија, но и кога веќе се појавила алергиска реакција. Бидете доследни во конзумирањето на овој пијалок. Не очекувајте резултати преку ноќ.

Мед

Не постои болест или состојба што тој не може да ја лекува. Земањето една лажичка мед секое утро е лековито за сите здравствени проблеми. Меѓутоа, за алергии и за намалување на иритацијата, се препорачува меден раствор во млаки или ладни пијалаци. Во него ќе „умрат“ поленовите зрна.

Кромид и лук

Зеленчук кој лекарите го препорачуваат како идеална форма на алтернативна медицина. Тие дејствуваат агресивно против бактериите и на тој начин го чистат телото. И покрај лошиот здив, важно е секојдневно да се консумира лук, неколку чешниња и половина главица кромид.

Коприва

Доколку имате проблем со назална конгестија, копривата ќе биде ваш избор. Чајот од коприва го спречува телото да ги затвори дишните патишта, а истовремено е корисен и за други здравствени проблеми.

Забелешка: споменатите состојки може да ги олеснат вашите симптоми или да ви помогнат да ги надминете. Ако вашите алергии сериозно ве мачат, консултирајте се со лекар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk