logo
logo
logo

Холандската принцеза се преселила во Шпанија за да избега од заканите, тврдат локални медиуми

Vecer | 17.04.2024

Холандската принцеза се преселила во Шпанија за да избега од заканите, тврдат локални медиуми

Принцезата (20) живее и студира во Мадрид повеќе од една година, објави јавната телевизија НОС, повикувајќи се на кралски извори. Се додава дека таа таму ужива голема слобода на движење.

Во октомври 2022 година, Амалија беше принудена да ги напушти плановите да живее студентски живот поради безбедносни стравови, само неколку недели откако започна на Универзитетот во Амстердам да студира политика, психологија, право и економија.

Наследничката на холандскиот престол беше фотографирана насмеана на почетокот на студиите, со намера да живее во студентско сместување. Но, кралската двојка подоцна изјави дека нивната ќерка била принудена да се врати во силно чуваната палата во Хаг. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk