Сопругата на холандскиот Крал Вилем-Александар, Кралицата Максима, на 54 години започна обука за да стане резервистка на армијата на Холандија..
Холандската кралска палата соопшти дека на овој начин кралицата „како и многу други, сака да даде свој придонес за безбедноста“.
Претходно и нејзината ќерка, Принцезата Амалија, наследничка на холандскиот престол, минатиот месец ја заврши основната воена обука како волонтерка-резервистка во армијата.
Во услови на геополитички превирања и војната на русија во украина, новата холандска коалициска влада најави планови за проширување на војската од околу 80.000 на 122.000 војници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата