logo
logo
logo

Капетанот Кирк (90) успешно се врати на Земјата: Стана најстариот астронаут во вселената

Vecer | 14.10.2021

Капетанот Кирк (90) успешно се врати на Земјата: Стана најстариот астронаут во вселената

Сега и официјално! Капетанот Кирк влезе во историјата, и заедно со екипажот прво успешно полета во вселената, а подоцна се врати на ист начин. Кога излегле од капсулата, им пришол тим експерти, како и Џеф Безос. Заедно тие го прославија овој голем потфат.

„Ви благодарам на сите, особено на Џеф, што ми го овозможивте ова“, рече Шатнер.

17:15 часот - Капсулата успешно слета на земја.

„Беше неверојатно како што рекоа“, возбудено рече Шатнер.

Актерот Вилијам Шатнер (90), попознат како капетан Џејмс Т. Кирк од „Ѕвездени патеки“, го собори „рекордот“ кој што  го држеше Воли Фанк, кој имаше 82 години во јули, кога беше на „турнеја“ со Џеф Безос во вселената.

Сепак, патувањето на Шатнер во вселената беше многу пократко и траеше само десет минути. Ракетата го пренесе екипажот веднаш преку границата Карман, 100 километри над Земјата.

Blue Origin објави дека вториот патник ќе биде Одри Пауерс, потпретседател на компанијата. На летот ќе им се придружат Крис Бошуизен, поранешен инженер на НАСА и ко-основач на Labet Labs и Глен де Врис, ко-основач на платформата за клинички испитувања Медидата Солушнс.

Шатнер требаше да полета во вселената во понеделникот, меѓутоа Blue Origin го одложи неговото патување поради силните ветрови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk