logo
logo
logo

„Каменот на судбината“ е на пат кон Лондон на крунисувањето на кралот Чарлс III

Vecer | 29.04.2023

„Каменот на судбината“ е на пат кон Лондон на крунисувањето на кралот Чарлс III

Каменот, древен симбол на шкотската монархија, бил конфискуван од англискиот крал Едвард I во 13 век и однесен во Вестминстерската опатија. Во Англија останал 700 години и беше дел од столот за крунисување каде се крунисале кралевите и кралиците.

Каменот е вратен на трајно изложување во Шкотска во 1996 година. Но, договорено е тој да се врати во Вестминстерската опатија за секоја идна церемонија на крунисување, јавува Би-Би-Си.

Гледачите ќе имаат можност да го проследат крунисувањето во West Princes Street Gardens во Единбург на 6 мај преку бесплатна проекција. Каменот од црвен песочник тежок 150 килограми, познат како Каменот на Скоун, е долг 66 сантиметри, широк 42 сантиметри и висок 27 сантиметри.

Се користел за крунисување на шкотските кралеви стотици години пред да биде заробен од Едвард I во 1296 година, за време на Војните за независност.

Каменот останал во Англија стотици години, до Божиќ 1950 година кога четворица студенти од Глазгов упаднале во Вестминстерската опатија и го вратиле во Шкотска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk