Овој престижен спортски настан, познат како 85. Светски куп во спуст „Hahnenkamm AUDI FIS“, ги собра најголемите светски скијачки ѕвезди, а Шварценегер со своето присуство привлече големо внимание кај публиката и медиумите.
Покрај тоа што е познат како „херој“ во акционите филмови и политичка фигура, Шварценегер е роден во малото австриско село Тал во близина на Грац и има длабоки корени во таа земја. Неговото доаѓање на овој настан многумина потсети на неговата поврзаност со Австрија и љубовта кон зимските спортови.
Шварценегер постојано го изразуваше своето восхитување од австриската природа и спортските традиции.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата