Белгиска компанија која произведува чоколадо и која пред една година ставаше бели маски на велигденските зајачиња, сега произведува големи шприцеви исполнети со чоколадо, односно чоколадни ваккцини обидувајќи се да се прилагоди на моменталниот момент диктиран од пандемијата.
Додека Белгија ја засилува кампањата за вакцинација против ковид-19, Кокоатри ги рекламира природните придобивки од чоколадото како своевидна „вакцина“ против одредени болести, пренесува Ројтерс.
„Тоа е симбол на надеж и затоа решив да создадам чоколадна вакцина “, рече основачот на компанијата, Женевјев Трепан.
Кокоатри, со седиште во Лонзи, село околу 45 километри јужно од Брисел, ги нарече своите шприцеви од чоколадо „L'Atca Azteca“, што е комбинација од звук на кивање и древни потрошувачи на чоколадо кај Ацтеките.
"Чоколадната вакцина има огромен број позитивни ефекти", додаде Трепан, објаснувајќи: "Тоа е антидепресив. Има магнезиум. Чоколадото има многу предности, како што знаат луѓето, и пред сè го зајакнува моралот на војниците".
https://youtu.be/5Yq1M3_zVnk