Пред скоро 20 години, Панта Петровиќ се преселил во мала српска планинска пештера за да избега од луѓето, а минатата година, за време на една од неговите посети на градот, откри дека беснее пандемија во светот. Откако станаа достапни вакцините тој се вакцинираше и ги повика и другите да го направат тоа.
Неговиот потег го забележа и Илон Маск, кој на својот профил на Твитер ја сподели приказната и апелот за вакцинација на Петровиќ.
"Тој (вирусот) не избира. Ќе дојде тука, во мојата пештера", рече 70-годишниот старец за АФП во својата пештера на пошумената Стара Планина во јужна Србија.
А како живее Панта Петровиќ?

Неговата пештера, што Петровиќ ја нарекува дома, е достапна само со стрмно искачување и е опремена со стара 'рѓосана када, која ја користи како тоалет, неколку клупи и куп сено што служи како кревет.
Петровиќ доаѓа од блискиот Пирот, каде што работел како работник на црниот пазар, како и извесно време во странство. Се оженил неколку пати и живеел живот што го нарекол „бурен“.
Секогаш љубител на природата, тој постепено открива дека изолацијата од општеството му носи слобода.
"Не бев слободен во градот. Секогаш има некој што ви стои на патот - или се расправате со сопругата, соседите или полицијата", рече Петровиќ
„Еве, никој не ми пречи“, додаде човекот со насмевка, откривајќи ги расипаните заби.
„Парите се проколнати, ги корумпираат луѓето“
Петровиќ главно јаде печурки и риба од локалниот поток, но и оди во центарот на градот во потрага по остатоци од храна.
Неговите посети на градот во последно време се почести.
Откако волците изеле некои животни што ги чувал во близина на пештерата, Петровиќ одлучил да ги премести во колиба што ја изградил во предградието на градот каде што мислел дека ќе бидат безбедни.
Таа група животни вклучува неколку кози, стадо кокошки, кучиња и мачки и возрасна дива свиња по име Мара.
Петровиќ ја пронашол пред 8 години како беспомошна свиња заплеткана во грмушките.

"Таа ми значи се, ја сакам и таа ме слуша. Нема пари што можат да купат такво нешто. Вистинско милениче", изјави Петровиќ.
Меѓу животните, има 3 мачиња чија мајка била изедена од волк, што сега ги храни преку шприц.
Петровиќ добива социјална помош, но се потпира и на донации за храна и од тоа што го добива од животните.
Откако вакцините станаа достапни, тој се вакцинираше.
Петровиќ рече дека „не ја разбира прашината“ што ја креваат некои скептици во врска со вакцината и подвлече дека верува во процесот што има за цел искоренување на болеста.
"Сакам да ги добијам сите 3 дози, вклучително и дополнителната. Го повикувам секој граѓанин да се вакцинира, сите", изјави тој.
Пред да се изолира, Петровиќ ги донирал сите пари што ги заработил на заедницата со финансирање на изградба на три мали мостови во градот.
"Парите се проколнати, ги корумпираат луѓето. Мислам дека ништо не може да го расипе човекот како парите", изјави Петровиќ за АФП.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата