logo
logo
logo

Како Тито и Јованка ГИ ПРЕЧЕКАА кралицата Елизабета и принцот Филип (ВИДЕО)

Vecer | 11.04.2021

Како Тито и Јованка ГИ ПРЕЧЕКАА кралицата Елизабета и принцот Филип (ВИДЕО)

Доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, заедно со неговата сопруга Јованка Броз, беа домаќини на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип и принцезата Ана во СФР Југославија уште во 1972 година.

Тоа беше прва посета на кралицата на комунистичка Југославија. Таа тогаш покажа дека различната политика не е пречка за меѓународно пријателство со поставување венец на гробот на непознатиот херој на Авала.

Ниту еден западен лидер не доживеал топол и спонтан пречек во тоа време. Ова видео кружи веќе некое време на социјалните мрежи, па се појави и на социјалната мрежа Инстаграм, каде не можеше да помине без коментар.

Тито одржа говор во кој истакна дека се залага за просперитет и независност на сите нации, како и крај на војната засекогаш.

https://youtu.be/gc2PJIDmSiw

Како земја која е горда на своето наследство и уверена во својата иднина, тој потоа ја прослави посетата и дополнително ги зајакна односите меѓу двете земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk