logo
logo
logo

Како јаткастите плодови СЕ ЗДРАВИ И ПОМАГААТ ВО СЛАБЕЕЊЕ

Vecer | 07.12.2022

Како јаткастите плодови СЕ ЗДРАВИ И ПОМАГААТ ВО СЛАБЕЕЊЕ

Здравите грицки се секогаш добра одлука, имајте на ум дека можеби е подобро да се јаде тоа од било кој чипс.

Грицкањето одредени јаткасти плодови секој ден може да го намали вашиот апетит и да ви помогне да изгубите тежина, покажуваат најновите истражувања. Јадењето бадеми помага во одржување на тежината, открива новото истражување, а пренесува The Sun.

Истражувачите откриле дека јадењето 30 до 50 грама јаткасти плодови со хранливи материи помага во намалување на апетитот.

Во студијата, оние кои јаделе бадеми наместо ужина со јаглени хидрати, го намалиле внесот на енергија за 72 калории на следниот оброк.

„Прекумерната тежина или дебелината се голем јавно здравствен проблем, а одржувањето на тежината преку подобрување на хормоналниот одговор може да биде клучно за промовирање на управувањето со тежината“, рече д-р Шарајах Картер од Универзитетот во Јужна Австралија.

„Нашето истражување ги разгледа хормоните кои го регулираат апетитот и како јаткастите плодови, а особено бадемите, можат да придонесат за контрола на апетитот. Откривме дека луѓето кои јадат бадеми имаат промени во хормоните кои го регулираат апетитот и дека тие веројатно придонеле за намален внес на храна“, објасни докторот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk