logo
logo
logo

КАКО ДА СИ ГИ ДУ*ИШ КОМШИИТЕ :)

Vecer | 20.06.2021

КАКО ДА СИ ГИ ДУ*ИШ КОМШИИТЕ :)

Холандски навивач си играл мајтап со своите соседи, кои што организирано во својот двор го следеле натпреварот против Австрија, но со задоцнување на директниот пренос од околу 30 секунди.

Имено, навивачот на Холандија по име Карлос Ван Ервен, знаејќи дека соседите натпреварот го следат со задоцнет пренос од половина минута, тој заедно со своите пријатели на „себичен“ начин по една шанса на Депај по договор меѓу себе изрипале и се радувале како да погодил, како да паднал гол, притоа навлекувајќи ги своите соседи да се радуваат на ништо.

Видеото со брзина на светлината се прошири на социјалните мрежи и предизвика бура на реакции во фудбалската јавност.

Инаку, Ван Ервен за ваквиот гест од изманипулираните соседи за возврат доби среден прст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk