logo
logo
logo

КАКО ДА ПАТУВАТЕ И ДА ЗАШТЕДИТЕ - Овие 4 работи мора да ги знаете

Vecer | 04.05.2021

КАКО ДА ПАТУВАТЕ И ДА ЗАШТЕДИТЕ - Овие 4 работи мора да ги знаете

Без оглед колку пари имате на располагање за патувања, нема сомнеж дека секоја заштеда ќе ви значи. Без разлика дали планирате само патување за викенд до блиска дестинација или летен одмор во друга земја, можеби, факт е дека сето тоа чини пари.

И многу често има непланирани трошоци, што може да имаат особено лош ефект врз целото патување.

За да го спречите ова, или барем да го минимизирате, треба да бидете запознаени со најефикасните начини да заштедите пари или да ги намалите трошоците за време на кое било патување.

Патничко осигурување

Првиот и најчестиот вид на заштита во финансиска смисла е инвестирање во патничко осигурување. Денес, постојат многу опции во овој поглед и тие дефинитивно треба да се разгледаат на време.

Не заборавајте да ги прочитате сите детали во рамките на полисата, за да бидете свесни за точно на што се однесуваат трошоците.

Надоместок за доцнење на летот

Во случај да патувате со авион, важно е да знаете дека ако вашиот лет е одложен или откажан, имате право на компензација за доцнењето или откажувањето на летот. Според списанието Luxury travel, ова право се остварува врз основа на законот на земјата од која лета патникот, а не врз основа на законот на земјата на дестинација.

Надоместокот не мора секогаш да биде во готово, но може да вклучува и ноќевање во хотел или ваучери за оброк, на пример.

Предности на кредитни картички

За да ги знаете сите придобивки од користењето на одредена кредитна картичка, треба да ги прочитате правилата за заштита на потрошувачите.

Имено, многу компании за кредитни картички нудат и различни видови „осигурување“, така што клиентот не плаќа за нешто што не го користел.

Враќање на ДДВ

Во некои земји  може да сметате дека дел од парите наменети за данок на додадена вредност ќе бидат вратени ако го пополните формуларот и приложите фактура за купените артикли.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk