logo
logo
logo

КАКО ДА Е ВО ПЕКОЛОТ! Урнебесни коментари на сметка на портретот на кралот Чарлс

Vecer | 15.05.2024

КАКО ДА Е ВО ПЕКОЛОТ! Урнебесни коментари на сметка на портретот на кралот Чарлс

Британскиот крал Чарлс III во вторникот го откри својот прв официјален портрет по неговото крунисување во мај минатата година.

Масло на платно од уметникот Џонатан Јео го прикажува Чарлс III на позадината на живописни црвени нијанси, облечен во униформа на воената единица на велшката гарда, со пеперутка над неговото рамо.

„Како пеперутката што ја насликав како лебди над неговото рамо, овој портрет еволуираше како што се менуваше улогата на субјектот во нашиот јавен живот“, рече Јео, кој претходно го насликал покојниот татко на кралот, принцот Филип.

Сепак, судејќи по коментарите на социјалните мрежи, јавноста не е многу воодушевена.

„Жал ми е, но на овој портрет изгледа како да е во пеколот“, „Изгледа како да се капе во крв“, „Не сакам да звучам грубо, но ова е најлошиот кралски портрет што некогаш сум го видел “, „И кралот се исплашил“, „Крваво капење“, „Дали ова е шега?“, „Зошто е се црвено“, „Доста вознемирувачко“, се само дел од бројните коментари за новиот портрет на кралот, кој очигледно им се допадна само на неколкумина.

Портретот, откриен во Бакингемската палата, беше нарачан во 2020 година за да се прослават 50 години на тогашниот принц од Велс како член на организацијата за доделување грантови, The Drapers' Company, соопшти палатата.

„Мојата цел беше и да се осврнам на традицијата на кралското портретирање, но на начин што ја отсликува монархијата на 21 век и, пред сè, да ја пренесам длабоката хуманост на темата“, додаде авторот на сликата.

Маслото на платно се очекува да биде изложено во Дрејперс Хол во финансискиот кварт во Лондон од крајот на август, соопшти палатата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk