logo
logo
logo

КАКО БРАКОТ ИМ СТАНАЛ ПЕКОЛ, после три години СРЕЌА

Vecer | 22.03.2021

КАКО БРАКОТ ИМ СТАНАЛ ПЕКОЛ, после три години СРЕЌА

Кога се венчале, таа била многу заљубена во него. За неа тој бил шармантен и забавен, но и ја правел многу среќна.  Сепак, работите одеднаш заминале во надолна линија.

- Нашата врска започна одлично. Бевме скоро шест години заедно пред да го кажеме судбоносното „да“, навистина се познававме и немаше никој во мојот живот со кого би сакала нешто повеќе, ја започнува Британката Алекс својата животна приказна.

- Сепак, по три години среќен брак, сè се смени. Се случија два важни настани што ги променија нашите брачни односи и живот. И тоа беше кога забременив со нашето прво дете. Ерик се здоби со сериозна повреда на работа, што го принуди да ја заврши кариерата.

Таа додава дека цело време го поддржувала  својот сопруг, се грижела за нивното дете, работела, му помагала.

- Сепак, Ерик се чувствуваше толку беспомошно што сè повеќе се затвораше во себе. Освен што му дадов простор и се обидував да го мотивирам да излезе и да се дружи со пријателите, не знаев како поинаку да го расположам. Јас само бев одговорна за сè. Но, тој се сврте кон алкохол и дрога за да ја ублажи болката и да избега од реалноста. Станавме родители по втор пат, а потоа конечно најде нова работа.

Но вели дека и било се потешко, а да се преправа дека е силна жена  повеќе не можел бидејќи целиот товар паднал на нејзини раменици.

- Бев толку депресивна. Се оддалечивме еден од друг. Дури и советување со психотерапевт и помош од роднини не помогна. Аплицирањето за развод не беше лесно. Јас сè уште бев загрижена за Ерик. Знаев дека повеќе не сум заљубена во него, но сепак го сакав. Само сакав да го направам среќен, дури и кога тоа значеше да ја жртвувам мојата среќа Но, на крајот, изборот беше очигледен, не можев да продолжам да живеам живот за некој друг.

Сега додава дека по една година чувствува олеснување иако целиот процес е нешто најтешко за неа.

- Не жалам што се омажив, ниту жалам за разводот. И двете одлуки беа многу внимателни. Но, знаев дека не можам да продолжам во тој брак, ако сакав да го задржам сопственото чувство на среќа и благосостојба, заклучи таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk