- Владата одлучи да им исплати отштета на граѓаните чии домови, бизниси или лични возила се оштетени од уништувањето предизвикано од актуелните регионални настани. Отштета ќе биде обезбедена врз основа на процени на штетите подготвени од техничките комитети, се наведува во владиното соопштение.
Јорданската армија претходно соопшти дека 281 ирански беспилотни летала и ракети биле насочени кон кралството од почетокот на израелско-американската воена операција против Иран на 28 февруари, од кои 261 биле пресретнати.
Во иранските одмаздничките напади врз Јордан повредени се 29 лица, а уништени се 31 возило, 59 домови и бизниси и 16 јавни згради.
Во Јордан нема странски воени бази, туку ограничени воени контингенти од неколку земји се стационирани во посебни објекти според договорите за меѓусебна одбрана и соработка.
Јордан и другите земји од Персискиот Залив соопштија дека нема да дозволат нивната територија да се користи за напади против Иран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата