logo
logo
logo

ЈАПОНСКИТЕ НАУЧНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Машкиот Y хромозом исчезнува, ни се заканува ли истребување? Можно е друго сценарио

Vecer | 04.12.2022

ЈАПОНСКИТЕ НАУЧНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Машкиот Y хромозом исчезнува, ни се заканува ли истребување? Можно е друго сценарио

Еве кога ќе се случи

Една јапонска студија ги наведе научниците да веруваат дека во иднина машкиот хромозом Y може да исчезне. Оваа хипотеза се појави откако Јапонскиот универзитет во Хокаидо испита еден вид јапонски стаорец со боцки. Тие ја објавиле студијата во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences, пренесува RT.

За време на експериментот, научниците заклучиле дека стаорците повеќе не зависат од Y-хромозомот, туку дека неговото место го заземал нов, еволуиран. Анализата покажа дека овој нов хромозом може да вклучува машки полови карактеристики, кои се карактеристични за Y хромозомот.

- Нема причина да мислиме дека нашиот хромозом е поцврст од оној на боцкав стаорец - изјави Џени Грејвс од австралискиот универзитет Ла Троб.

Нејзините предвидувања се дека Y-хромозомот ќе престане да постои во рок од околу 10 милиони години.

- Кога луѓето ќе снемаат Y-хромозоми, тие би можеле да изумрат или да развијат нов полов ген кој ги дефинира новите полови хромозоми - претпоставува таа.

Други истражувачи забележуваат дека дури и ако исчезнувањето на Y-хромозомот значи исчезнување на машките цицачи, тоа не мора да значи крај на видот.

- Жените, а под овој термин мислам на организмите кои произведуваат големи гамети наречени јајце клетки, можат да се самооплодуваат кај некои видови - изјави за Newsweek Рут Горлик, истражувач за сексуална еволуција од Универзитетот Карлтон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk