logo
logo
logo

Јапонец уапсен оти над 1.000 пати вртел на итна помош, а потоа молчел

Vecer | 09.10.2024

Јапонец уапсен оти над 1.000 пати вртел на итна помош, а потоа молчел

 Приведен бил вчера под сомнение дека ја попречувал работата на полицијата, соопштија јапонските власти.

- Тој повик ми го смирува мозокот!, рекол осомничениот Јошифуми Мураками (49) пред полицијата.

Тој тврди дека по професија е лекар, но полицијата допрва треба да ја потврди таа информација. Тој, според наводите, од 30 август до 17 септември имал вкупно 1.301 „итен“ повик, а само за еден ден се јавил 183 пати на полиција.

Покрај повиците наведени во предметниот извештај, полицијата се сомнева дека Мураками е одговорен за уште 1.300 слични злоупотреби други броеви за итни случаи.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk