logo
logo
logo

Ја заборавил сопругата на бензиска станица: Сфатил дека ја нема дури по два часа, а кога се вратил по неа следело циркуз

Vecer | 15.09.2021

Ја заборавил сопругата на бензиска станица: Сфатил дека ја нема дури по два часа, а кога се вратил по неа следело циркуз

Аргентинецот Самуел поминал речиси 100 километри на автопат пред да сфати дека си ја заборавил сопругата Клаудија на бензиска.

Имено, двојката биле на патување во Бразил, а кога се враќале дома застанале на бензиска станица за да наточат гориво. Клаудија за тоа време спиела на задното седиште, но кога Самуел го  наполнил резервоарот тој не проверил дали неговата сопруга е се уште на задното седиште. Тој мислел дека таа продолжила да спие и воопшто не забележал дека додека тој точел гориво таа влегла во продовницата да купи нешто за јадење.

А она кое што ја прави ситуацијата уште почудна е дека со нив бил и нивниот 14 годишен син, кој исто така не забележал дека ја нема неговата мајка. Тој постојано бил на неговиот мобилен телефон.

Кога поминале два часа, Клаудија се обидела да стапи во контакт со нив но за жал немале сигнал. На крајот, таа заминала во локалната полициска станица. По поминати 100 километри тие се вратиле по неа. Според полициските службеници, кога Самуел и синот пристигнале во полициската станица, Клаудија била бесна и почнала со клоци да го удира автомобилот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk