logo
logo
logo

Измама на векот: Мислел дека купува вила, ПРЕПЛАТИЛ МАЛ ТРЕВНИК (ФОТО)

Vecer | 26.05.2022

Измама на векот: Мислел дека купува вила, ПРЕПЛАТИЛ МАЛ ТРЕВНИК (ФОТО)

Човек од Флорида мислел дека „му паднала секирата во мед“, кога пред неколку години купил вила чија вистинска вредност била 177.000 долари, а тој платил само 9.000 американски долари.

Имотот, инаку, се наоѓа во близина на Мајами, а е еден од оние што се продаваат на аукција, бидејќи им биле одземени на сопствениците поради неплаќање данок.

Меѓутоа, купувачот набрзо откако ја „купил“ куќата доживеал непријатно изненадување: имено, сфатил дека за споменатата сума пари всушност купил тревник широк 30 сантиметри и долг 30 метри, кој вреди само 50 долари, објави Дејл мејл

Сепак, тој  платил 180 пати повеќе.

Се протега само од поштенското сандаче - преку ѕидот на две поврзани гаражи - до дворот на вилата.

И покрај тоа што купувачот на вилата тврди дека бил измамен, надлежните велат дека се е направено според законот и дека не можат да му ги вратат парите.

- Тоа беше измама. Никаде не беше наведено дека се работи за линија што минува меѓу двете вили, иако имаа алатки за да го покажат тоа - изјави Кервил Холнес.

По овој пех, властите издале предупредување до сите кои учествуваат на онлајн аукции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk