logo
logo
logo

Излегувал со 35 девојки, ЗА ДА ДОБИЕ ПОВЕЌЕ ПОДАРОЦИ ЗА РОДЕНДЕН

Vecer | 27.04.2021

Излегувал со 35 девојки, ЗА ДА ДОБИЕ ПОВЕЌЕ ПОДАРОЦИ ЗА РОДЕНДЕН

Такаши Мијагава од Осака е 39-годишник без постојана адреса кој изневерувал 35 жени со кои практично бил во врска.

На сите им кажувал лажни датуми на неговиот роденден, а тие му купувале подароци. Им велел на сите овие жени дека смета дека нивната врска е сериозна и дека дури и ќе се ожени со нив.

Тој ги запознвал додека им продавал опрема за туширање. Сепак, неговата измама наскоро започна да излегува на виделина, а измамените девојки го пријавиле во полиција, пишува Japan Today.

Откако на Интернет се прошири веста за Мијагава, многумина ја коментираа истата.

„Можете ли да замислите колку е потребно планирање за да се поврзете со 35 луѓе одеднаш?“, „Дури и ако гледа една од неговите девојки секој ден, тој сè уште немал да има време за сите за еден месец“, „Ужасно е, но исто така импресивно “, напишаа некои.

Инаку неговиот вистински роденден бил на 13 ноември

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk