logo
logo
logo

Италијански уметник продал невидлива скулптура за 15.000 евра, купувачот задоволен

Vecer | 04.10.2024

Италијански уметник продал невидлива скулптура за 15.000 евра, купувачот задоволен

Скулптурата Ио Соно (Јас сум) е продадена во рамки на аукцијата на италијанската куќа „Арт-Рајт“, со почетна проценета вредност меѓу 7.000 и 9.000 евра.

Иако не е видлива, за уметникот по потекло од Сардинија „се обликува во сопствената ништожност“.

„Вакуумот не е ништо друго освен простор полн со енергија, па дури и ако го испразниме - и ништо не останува, според принципот на несигурност на Хајзенберг, дека ништо нема тежина“, објасни Гарау.

Тој додава дека скулптурата има „енергија која се кондензира и се трансформира во честички, односно во нас“.

„Тоа е дело кое бара од вас да ја активирате моќта на имагинацијата, моќ што ја имаат сите, дури и оние кои не веруваат дека ја имаат“, заклучил тој.

Среќниот купувач добил сертификат за автентичност и инструкции како да го прикаже делото, пренесува New York Post.

Мора да се постави во приватна куќа, односно простор со димензии 5х5 метри, без препреки, без вештачко осветлување и климатизација.

Гарау ја бранел својата уметност со грандиозна споредба: „На крајот на краиштата, нели луѓето го обликуваат Бог што никогаш не го виделе“.

Инаку, италијанскиот уметник претходно во Милано ја изложи невидливата скулптура „Буда во контемплација“.

На својата страница на Инстаграм тој објавил кратко видео по тој повод.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk