logo
logo
logo

Италијанец со голи раце ѝ го искорнал срцето на мајка си и го фрлил на улица: Беше вампирка

Vecer | 20.11.2024

Италијанец со голи раце ѝ го искорнал срцето на мајка си и го фрлил на улица: Беше вампирка

Страшното злосторство се случило на 13 ноември, објави Ла Република.

„Таа беше вампирка“, им рекол мажот на истражителите, признавајќи ѝ на обвинителката Колела дека сѐ започнало кога еден ден дошол во дворот на неговата мајка.

Таму ја удрил неколку пати, а во нападот употребил два ножа со кои ја прободел. Потоа ѝ го извадил срцето од градите, што подоцна било потврдено со обдукција.

Имено, жената имала видлива рана од нож на градите и немала срце, што ги потврдило наводите на синот дека ја убил мајка си.

Според она што го кажал обвинетиот, мајката одбила да го прими во куќата. Имале несогласувања и околу управувањето со домаќинството, кое инаку било наследство на мајката и двата сина.

Меѓутоа, за време на сослушувањето Салваторе имал и некои чудни изјави како на пример дека ја убил мајка си затоа што таа го терала да „јаде човечко месо“ и дека други го убедиле да го изврши злосторството.

Тој подетално раскажал како неговата мајка наводно го терала да ги јаде посмртните останки на неговиот татко Каталдо Детори, кој загинал во 2002 година во несреќа при работа во челичарница. Тој, исто така, ја обвинил својата мајка дека е заробеничка на „вампирска секта“.

По бруталниот чин, кога ја убил мајка си и ѝ го извадил срцето, го завиткал во марамче и го фрлил на улица. Поради таквиот страшен чин, ќе биде потребна психијатриска евалуација на мажот бидејќи имал некои луцидни изјави за време на сослушувањето.

Во меѓувреме, истражниот судија Франческо Макањо го потврди налогот за апсење на 46-годишникот кој моментално е зад решетки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk