logo
logo
logo

Ништо не е случајно, ИТАЛИЈА ГО ИЗМИСЛИ НАЈДОБРИОТ ХОТЕЛ (ФОТО)

Vecer | 24.02.2021

Ништо не е случајно, ИТАЛИЈА ГО ИЗМИСЛИ НАЈДОБРИОТ ХОТЕЛ  (ФОТО)

Средновековната архитектура, напуштените градови и недопрената природа е нешто што можеби потсетува на сценографијата за постапокалиптичен филм. Но, ако го погледнете сето ова од перспектива на пандемијата, може да сфатите дека таквата сценографија всушност има одредени предности. Италијанците тоа со време го разбраа и тоа го претворија во хотели.

Од 90-тите години на минатиот век, во Италија се развива нов туристички модел, познат како „albergo diffuso“, што може да се преведе како концепт на расфрлани хотели.

Основната идеја на овој необичен концепт е составена од хотели кои претежно се наоѓаат во различни  објекти на напуштено село.

Повеќето села каде денес се наоѓаат вакви хотели претходно останаа без жители, едноставно затоа што жителите се преселија во поголемите градови во потрага по работа и подобар живот. Токму овој проблем ги натера многу луѓе да ги продаваат своите домови.

И тогаш некои претприемнички хотелиери го искористија сето тоа и ги претворија ваквите села во хотели. Така, тие им овозможија на гостите практичен престој воеден обект, а спа на пример во друг објект во селото.

Многу е веројатно дека овој концепт ќе биде исклучително интересен за туристите во иднина, пред се затоа што во целост им овозможува на гостите можност да ги почитуваат правилата за физичко растојание.

Совршено место за одмор

Во 90-тите години на минатиот век, Даниеле Килгрен наиде на остатоци од средновековниот град Санто Стефано ди Сесанио, лоциран во централната италијанска област Абруцо. Патем, тој италијански регион е познат по своите предели со неверојатна убавина, па затоа често се нарекува и Мал Тибет. Денес, таму постои еден од најубавите италијански хотели со овој концепт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luca Pulsoni (@lucapuls19)

- Поминав години во потрага по вакво место, каде пејзажот не е уништен од ништо. Се сретнав со сметководител и го објаснив потенцијалот што го гледам во ова село. Објаснив како го замислувам неговиот развој. Ова беше првиот чекор кон создавањето на хотелскиот бренд „Секстантио“ - изјави Даниеле Килгрен за Си-Ен-Ен травел.

Поради големиот интерес, сосема е очекувано ваквиот концепт најверојатно да биде баран во иднина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by roberto tucci (@rotux65)

Ова расфрлано село им нуди на своите гости не само излети на врвот на планината, туку и уживање во локалните специјалитети. Тука можат да пробаат домашен леб, сирења и вина, но и сувомеснати производи и овошје.

Традиционалниот амбиент е максимално зачуван во самото село, а има и кафуле на централниот селски плоштад, додека малото локално население се обидува да ги задоволи гостите со вкусни специјалитети.

Во моментов, низ Италија се отвораат 150 вакви хотели.

Со оглед на тоа дека пандемијата има многу негативно влијание врз туризмот во Италија, што претставува 13% од БДП на земјата, многу е веројатно дека овој хотелски концепт ќе има значајна улога во заживување на туристичкиот сектор во земјата.

- Бидејќи овој концепт не е премногу комерцијален, немаме многу простории за изнајмување. Ова е проект што е направен како реновирање и е повеќе од економски модел, затоа сега е значајна предност, бидејќи има многу простор и безбедност за физичкото растојание - рече Нунчија Тараски, директор на „Секстантио Алберго Дифузо“.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk