logo
logo
logo

ИСТРАЖУВАЊЕ: ДВЕ ДЕЦА - за подолг живот!

Vecer | 08.06.2021

ИСТРАЖУВАЊЕ: ДВЕ ДЕЦА - за подолг живот!

Децата се богатство, но и се поврзани со долговечноста на родителите, ова го тврди едно истражување кое ги анализирало мажите и жените родени помеѓу 1911 и 1925 година и нивните деца. Истражувачите заклучиле дека, поради поддршката на нивните синови и ќерки, стресот кај родителите во постарите години од животот, веројатно ќе биде помал, што ќе доведе до подолг живот.

Друга многу интересна студија покажа дека мајките кои имаат две биолошки деца живеат подолго од жените кои немаат деца или имаат само едно дете.

Но, се чини дека да се има две деца е исто толку важно за мажите, како и за жените. Истата студија го анализирала и поврзала бројот на деца и очекуваниот животен век на мажот. Резултатите покажаа дека во споредба со татковците без деца или со едно дете, мажите со две деца живеат многу подолго.

Дури и посвојувањето може да има значителни придобивки.

Придобивките се крајно изненадувачки и инспиративни. Жените кои посвоија две деца имаа уште подолг животен век во споредба со биолошките мајки. И уште поинтересно е следното – кога се споредува бројот на посвоени деца и долговечноста, родителите со две посвоени деца живееле подолго во споредба со оние кои посвоиле едно дете, но исто така и во споредба со оние кои имале четири посвоени деца.

Друг прилично интересен заклучок е дека усвојувањето на дете се чини дека додаде три години на животниот век на мајката. Посвојувањето на две или три деца им додаде пет години живот. Ова исто така може да се објасни со поддршката што децата ја даваат на постарите родители.

Истата студија исто така го спореди потеклото на посвоените деца и животниот век на нивните родители. Мајките и татковците кои посвојувале деца од други земји имале значително подолг животен век во споредба со оние кои посвојувале деца во нивната матична земја, пишува BrightSide .

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk