Угледниот американски магазин за патувања Global Traveler го прогласи Истанбул за најдобра дестинација за поминување на слободно време во Европа.
Како дел од наградите за најдобар стил на живеење во слободно време, организирани од магазинот Global Traveler, еден од водечките списанија за патувања и туризам во САД, веќе 10 години, читателите на списанието го избраа Истанбул како најдобра дестинација во Европа во 2022 година во оваа категорија.
По Истанбул следат Лисабон, главниот град на Португалија, и Краков, град во Полска.
На доделувањето на наградите во Њујорк беа објавени победниците за 2022 година.
Списанието, исто така, го награди аеродромот во Истанбул како „најдобар аеродром за трансфер“ и „најдобар меѓународен аеродром погоден за семејства“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата