logo
logo
logo

МОЖЕБИ ЛИЧИ НА МЕНЕ?!

ИСПОВЕДТА на Мира од Марибор ја крена на нозе цела екс Југославија: ВЕ МОЛАМ погледнете ги моите фотографии!

Vecer | 09.06.2023

ИСПОВЕДТА на Мира од Марибор ја крена на нозе цела екс Југославија: ВЕ МОЛАМ погледнете ги моите фотографии!

Мирјана Коларич (47) од Словенија ја бара својата сестра близначка која официјално починала при породување, но семејството со години се сомнева во приказната.

- Мама не родила на 31 мај 1976 година во Марибор. Јас бев прва родена, а по раѓањето на сестра ми, на мајка ми ѝ рекле дека умрела бидејќи сме родени порано. Жената која во исто време била во собата го слушнала детето како плаче, а и покрај барањето на мајка ми и татко ми да го видат телото, не им било покажано, ниту, пак, им било дозволено да го закопаат, напишала Мирјана на својот профил на социјалните мрежи.

Мирјана наведува дека секогаш имала чувство дека нејзината сестра е жива. Во една прилика за тоа разговарала со нејзината мајка, која низ солзи и кажала дека и таа верува дека близначката е жива.

-Тоа беше првпат крвта да ми замрзне од тие зборови. Вториот пат ми се случи кога открив дека покрај моето име во централниот регистар не пишува дека имам сестра близначка на раѓање. Третиот пат беше кога ја видов нараквицата од породилиштето што мајка ми уште ја чува. Ја чува нараквицата со бројот на мојата наводно мртва сестра, а јас го имам мојот број, вели Мирјана.

 

 

Таа тврди дека трагата ја води кон Сараево.

- Ве молам погледнете ги моите фотографии. Можеби некоја жена што ја познавате личи на мене - напишала Мирјана и побарала нејзината објава да ја споделат пријателите и сите останати што ќе ја видат, за да се прошири на територијата на поранешна Југославија.

Коментарите само се нижат.

Многумина сакаат Мирјана да најде сестра си и наведуваат дека имало многу случаи на кражби на бебиња. Некои советуваат да се обратат до здруженијата во Србија кои пронајдоа исчезнати деца ширум светот. Луѓето од нашата област ја споделија нејзината објава во локални групи во земјите каде што живеат.

Мирјана не сакала да открие зошто мисли дека нејзината исчезната сестра е во Сараево.

- Не можам сега да откријам, но можеби во друга прилика, напишала таа во еден коментар.

Набрзо се јавила жена од Сараево и изјавила дека видела личност која личи на Мирјана.

- Убедена сум дека видов личност која личи на тебе, извини, не ти давам лажна надеж. Ја споделувам објавата и се надевам дека наскоро ќе бидеш со сестра ти, рекла таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk