logo
logo
logo

ИСПЛИВА ТАЈНА СТАРА 37 ГОДИНИ: Принцезата Дајана била АПСЕНА! Еве што се случило

Vecer | 22.03.2023

ИСПЛИВА ТАЈНА СТАРА 37 ГОДИНИ: Принцезата Дајана била АПСЕНА! Еве што се случило

Принцезата Дијана остана запаметена по нејзината едноставност и ведриот дух што им се допадна на многумина ширум светот. Покојната принцеза често ги прекршувала кралските протоколи за да се забавува или да им угоди на своите деца, а својата палавост не ја криела дури и кога станувало збор за дружење со нејзините пријатели и роднини. Една од нив била Сара Фергусон, поранешната сопруга на принцот Ендру.

Војвотката од Јорк неодамна во шоуто на Кели Кларксон раскажа интересна анегдота од нејзината моминска вечер во 1986 година.

Имено, таа откри дека со принцезата Дијана решиле да се маскираат во полицајци и оти отишле во ноќен клуб.

 

princeza Dajana

- Секако дека ќе одиш во ноќен клуб со принцезата од Велс... Седнавме и келнерот дојде до нас и рече: „Извинете, ова е клуб за членови и е за забава, а ние не служиме полицајците овде“. Но, бевме толку убедливи што се вклопивме и ги измамивме другите посетители на клубот, но и властите во клубот.

Тие потоа го напуштиле клубот, а Дијана се разоткрила со тоа што на една жена и кажала дека го има истиот фустан што го носела дотичната.

Сара ја потсетила дека се „полицајци“, но веќе било доцна.

 

Sara Ferguson

 

– И тогаш не уапсија, рекла Фергусон.

- Бевме во задниот дел на комбето, ги свртевме вереничките прстени на другата страна. „Дијана само погледна наоколу и виде чипс со вкус на сланина и почна да јаде“, открила Сара.

-Полицаецот од предната страна рече: „Тоа не можеш да го правиш“, а потоа конечно сфатија дека тоа сме Дијана и јас – низ смеа рекла Сара, која и била пријателка до смртта на принцезата Дијана.

Војвотката од Јорк и поранешна сопруга на британскиот принц Ендру, Сара Фергусон, со години беше една од најомразените членки на британското кралско семејство.

 

Princeza Dajana

Таа се омажила за принцот Ендрју на 23 јули 1986 година во Вестминстерската опатија и сè на почетокот изгледало како вистинска кралска бајка.

Пред венчавката, се шпекулираше дека принцот Ендру лично го дизајнирал вереничкиот прстен и избрал бурмански рубин за да одговара на нејзината црвена коса.

Сепак, веќе пет години подоцна нивниот брак беше во криза, а потоа се случи скандал каков што дотогаш не беше виден во британското кралско семејство.

 

Sara Ferguson

Имено, во август 1992 година, Дејли Мирор објави фотографии на кои се гледа како американскиот финансиски менаџер Џон Брајан ги бакнува прстите на Сара Фергусон додека таа се сонча без горен дел од костим за капење. Ова беше прв пат член на кралското семејство да биде виден во толку блиска и интимна ситуација, а целото кралско семејство потоа се огради од Сара, а таа и принцот Ендру одлучија да се разведат во 1996 година, кога ја загуби титулата на нејзиното кралско височество.

Сепак, во последните години меѓу нив има помала тензија, а многумина беа изненадени од одлуката на кралот Чарлс по 30 години Сара повторно да го прослави Божиќ со кралското семејство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk