logo
logo
logo

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер

Vecer | 01.01.2026

Искусни планинари први на 1-ви го освоија врвот Пелистер

Во изјава за МИА, планинарот Иванчо Тошевски, воедно директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“, истакна дека освојувањето на Пелистер го почнаа во рамки на манифестацијата „Први на 1-ви“, на една минута по полноќ.

-Годинава на нашата петта по ред манифестација „Први на 1-ви“ учествуваа планинарки и планинари од 10 градови од Македонија, Црна Гора и Германија. Тргнавме од локација на Инфоцентар за искачување на врвот Пелистер. Нашата цел да се дочека првото изгрејсонце од еден од најубавите видиковци на Балканот успеа, иако имавме ниска темпераура на воздухот, но ведро небо и полна месечина, изјави Тошевски.

Манифестацијата ја организираа Олимпус Монс со поддршка на Општина Битола и во рамки на „Зимска приказна“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk