logo
logo
logo

Иницијативата„Стоп за Усје“ достави барањето за измена на А-интегрираната дозвола за работа на цементарницата

Vecer | 26.03.2026

Иницијативата„Стоп за Усје“ достави барањето за измена на А-интегрираната дозвола за работа на цементарницата

Спортистите и еко-активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ трчаа од цементарницата „Титан Усје“ до Министерството за Животна Средина за да го достават барањето за измена на А-интегрираната дозвола за работа на цементарницата. Од иницијативата велат дека ја следат работата на министерството и најавија дека ќе учествуваат на јавната расправа која мора да биде организирана.

-Оваа дозвола ја подготвија граѓаните, еко-активисти и експертите за животна средина со цел „Титан Усје“ конечно да ги примени и да почне да работи како еколошка цементара во 21 век.Нашата порака е јасна. Сега нема кого да обвинувате. Одговорноста за каков воздух ќе дишеме во следните седум години е во рацете на МЖСПП.Одговорноста е кај минситерството да избере дали ќе застане од страната на граѓаните и децата или од страната на профитот на „Титан Усје“.-- Стефанија Змијанац.

Од „Титан Усје“ беше поднесено барање за обнова на А-интегрирана дозвола до министерството на 11-ти март, претпоследниот ден од законскиот рок, а досегашната дозвола им беше издадена во 2020 година. Од „Стоп за Усје“ организираа и неколку протести, а последниот беше на 28-ми февруари кога организираа и „Блокадафест“ поддржан од повеќе диџеи и музички групи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk