logo
logo
logo

Инфлуенсер се убил во пренос во живо: МОРБИДЕН предизвик носи МЛАДИ ЖИВОТИ ширум светот

Vecer | 07.06.2023

Инфлуенсер се убил во пренос во живо: МОРБИДЕН предизвик носи МЛАДИ ЖИВОТИ ширум светот

Зонг Хуанг Ге (27), кинески инфлуенсер попознат како „Братот Хуанг“, починал во директен пренос откако испил премногу алкохол. Инцидентот се случил на 2 јуни.

Инфлуенсерот испил најмалку седум шишиња баиџиу алкохол за време на пренос во живо и бил пронајден мртов 12 часа по емитувањето на 16 мај, објавија кинеските медиуми.

Неговата смрт во вторникот ја потврди и сопругата.

Ова е втор инцидент во еден месец, откако 34-годишник беше пронајден мртов набргу откако беше виден како консумира прекумерни количини алкохол на Douiin, кинеската верзија на ТикТок.

Неговата сопруга исто така рекла дека ќе работи до крајот на животот за да ги исплати осумгодишните долгови на нејзиниот сопруг, според StraitsTimes.

Двојката има син, кој оваа година треба да појде во градинка, а Хуанг штотуку изгради нова куќа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk