logo
logo
logo

Имала 360 козметички зафати, СЕГА СЕ КАЕ, АМА МОРА ВЕЧНО НА ХИРУРГ

Vecer | 01.08.2021

Имала 360 козметички зафати, СЕГА СЕ КАЕ, АМА МОРА ВЕЧНО НА ХИРУРГ

Алиша Дувал (42) имала повеќе од 360 козметички процедури, вклучувајќи 18 операции на дојка, 11 операции на нос, поставување импланти во задникот и отстранување на ребра, а за сето тоа потрошила повеќе од 720.000 фунти.

Гламурозната манекенка, која во 2011 година, по раѓањето на нејзината најмлада ќерка Папаја, истакна дека повеќе нема да поправа ништо на своето тело, сега откри застрашувачки факт.

Таа за „The Sun“ изјави дека ќе мора да оди на ботокс на секои шест месеци до крајот на животот за да го држи лицето подигнато. Имено, тоа е последица на процедурите кои ги уништија нејзините мускули.

"Ефектот од таа операција не може да помине. Имам проблем што морам да го поправам постојано", рече Дувал.

Моделот, исто така, беше подложена на итна медицинска интервенција минатата година кога нејзината лева дојка се воспали поради импланти кои претходно беа поврзани со случај на рак. Алиша објасни дека левата града одеднаш станала црвена и студена и двојно поголема од десната.

Мислела дека претрпела топлотен удар, но потоа сфатила дека не може да се движи и заклучила дека умира и почнала да се збогува со своите сакани. Во болницата и била дијагностицирана сепса, а рентген снимката открила дека нејзиниот лимфен јазол бил воспален поради имплантот.

"Тоа беше конечното будење што ме поттикна да сфатам какви глупави грешки направив во минатото. Чудо е што воопшто живеев толку долго", вели таа.

Некогаш, Дувал, која некогаш мамеше воздишки со својата природна убавина, го навлече гневот на многумина кога рече дека нема да и пречи ако ќерка и оди на пластична операција, но во меѓувреме се премисли.

Претходно имаше и проблем со имлантите на задникот. "Мојот хирург рече дека двата импланти во мојот задник пукнале. Не знаев дека воопшто можат да експлодираат. Ме боли цело време. Знам дека треба да се отстранат, но сум загрижена дека поради кожата што ќе виси, ќе изгледам деформирано ", рече таа.

Инаку, манекенката го привлече вниманието на јавноста во 2018 година кога ја молеше старлетата Кејти Прајс да престане со пластичните операции. Имено, Кејти наводно не знае ни колку процедури имала и поради нив банкротираше.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk