logo
logo
logo

Имал САМО 340 грама и помалку од 1% за живот, а денес го прослави првиот роденден!

Vecer | 21.06.2021

Имал САМО 340 грама и помалку од 1% за живот, а денес го прослави првиот роденден!

Неговата мајка Бет имала медицински компликации за време на бременоста, поради што Ричард  се родил порано 131 ден, а бил голем колку дланка. Спроти сите прогнози Ричард го прослави својот прв роденден на 6 јуни.

Малиот Ричард Скот Вилијам Хачинсон од Минеаполис, Минесота, е роден пет месеци предвреме, тежел нешто помалку од 340 грама и имал нула проценти шанси за преживување, пишува Гинис.

Ричард го прослави својот прв роденден на 6 јуни. Тој влезе во Гинисовата книга на рекорди како најрано родено бебе во светот кое преживеа и покрај никакви шанси.

Поради пандемијата од Корона вирус, неговите родители не можеле да бидат со него во болницата, а посетите им биле дозволени само на нив. Откако го префрлија на одделот за неонатална интензивна нега во Детската болница во Минесота, лекарите ги подготвија родителите на Ричард за најлошото.

„Се погриживме да бидеме таму секој ден за да го поддржуваме и мислам дека тоа му помогна да го надмине сето тоа затоа што знаеше дека може да смета на нас“, рече таткото на Ричард Рик.

Во декември 2020 година, по повеќе од шест месеци во болница, Ричард беше пуштен дома.

„Знаев дека првите неколку недели од животот на Ричард ќе бидат многу тешки, но верував дека ако може да ги пројде нив ќе преживее. Не ми се веруваше дека ова е истото мало момче кое порано беше толку болно што се плашев дека нема да преживее, што некогаш го збираше на мојата дланка, со толку про проѕирна кожа што можев да ги видам неговите ребра и крвни садови. Толку сум горд на него“ - рече др. Стејси Керн, неонатолог.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk