logo
logo
logo

Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем

Vecer | 25.12.2025

Илјадници верници го прославија Бадник во Витлеем

Тоа е прво одбележување на Бадник од 2022 година, бидејќи градот ги откажа или намали празничните настани изминатите години од почит кон илјадниците луѓе, кои загинаа во војната во Појасот Газа.

Мисата ја водеше кардиналот Пјербатиста Пикабала, највисокиот католички лидер во Светата земја, кој пристигна во Витлеем од Ерусалим и повика на „Божиќ полн со светлина“.

Кардиналот Пикабала истакна дека доаѓа со поздрави од малата христијанска заедница во Појасот Газа, каде што во неделата одржа предбожиќна миса.

- Сите ние заедно, одлучуваме да бидеме светлина, а светлината на Витлеем е светлина на светот, наведе Пикабала пред илјадниците собрани христијани и муслимани.

И покрај празничното расположение, влијанието на војната врз Западниот Брег, кој беше окупиран од Израел, е видливо, особено во Витлеем, каде што околу 80 проценти од жителите на тој претежно муслимански град зависат од бизнисите поврзани со туризмот.

На полноќната миса имаше само неколку странци, но локалното население истакнува дека почнуваат да гледаат знаци на промена и оти туристите полека се враќаат.

Од приближно тримилионското населени во Западен Брег само два проценти се христијани.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk