logo
logo
logo

Илјадници холандски родители бараат 1, 4 милијарди Евра ОШТЕТА од „ТикТок“

Vecer | 02.06.2021

Илјадници холандски родители бараат 1, 4 милијарди Евра ОШТЕТА од „ТикТок“

Илјадници холандски родители бараат отштета во име на своите деца од операторот на популарната видео платформа „ТикТок“.

Тие бараат вкупно повеќе од 1,4 милијарди евра, објави во средата холандската фондација за истражување на пазарот на информации (СОМИ). Според фондацијата, има повеќе од 64 000 родители.

Како причина се наведува дека ТикТок собира податоци за малолетни лица без дозвола за целно рекламирање. Покрај тоа, децата се изложени на опасности преку таканаречени предизвици во кои корисниците на платформата се предизвикуваат едни со други да извршат ризични дела.

„ТикТок“ е во сопственост на кинеската компанија ByteDance. Операторот на платформата претходно објави дека презема мерки за зголемување на безбедноста на младите корисници.

Според условите за употреба на „ТикТок“, на малолетниците им е потребна согласност од нивните старатели. Децата на возраст под 13 години не смеат да ја користат услугата.

Компанијата на својата веб-страница посочува дека поставките за приватност им се достапни на корисниците за да можат „да ги изберат поставките што им одговараат“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk