logo
logo
logo

И тоа се случува: Пилот си го заборавил пасошот, авионот со патници морал да се врати назад

Vecer | 24.03.2025

И тоа се случува: Пилот си го заборавил пасошот, авионот со патници морал да се врати назад

Ова прв го објави порталот View from the Wing, кој наведува дека предизвикал неколкучасовни доцнења за патниците.

Боинг 787-9 на летот од Лос Анџелес во саботата во 14:01 часот, требало да пристигне во Шангај по приближно 13 до 14 часа лет. Меѓутоа, околу 1 час и 45 минути по полетувањето, додека авионот летал над Тихиот океан, еден од четворицата пилоти сфатил дека го нема својот пасош - клучен документ за меѓународно патување.

Бидејќи екипажот не можел да го продолжи летот за Кина, авионот се свртел и бил пренасочен кон аеродромот во Сан Франциско, еден од главните центри на компанијата. Тој слетал во 16:54 часот, по вкупен лет од 2 часа и 53 минути.

United Airlines испрати официјално известување до патниците, во кое се наведува дека причината за пренасочувањето е „неочекуван проблем на екипажот кој бара замена на пилотот“, пренесува Aviation24. Авиокомпанијата им обезбедила на патниците ваучери за оброк од 15 долари додека организирале замена за екипажот.

И покрај доцнењето, ситуацијата била брзо решена, а авионот повторно тргнал од SFO за Шангај во 21:01 часот. Авионот пристигнал во Кина приближно шест часа подоцна од планираното.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk