Англија и Велс повеќе не се мнозински христијански земји. Помалку од половина од населението на Велика Британија на последниот попис се изјасниле како христијани.
Процентот на Англичани и Велшани кои се изјасниле како христијани падна од 59 на пописот во 2011 година на 46 проценти.
Сунак најави промена на курсот кон Пекинг: Заврши златната ера!СЛЕДНА ВЕСТ
Бројот на граѓани кои се изјасниле дека немаат вера се искачи на 37 проценти.
Припадниците на етничките малцинства сочинуваат две третини од жителите на Лондон, а бројот на белите луѓе во Англија и Велс е намален за околу 500.000, покажуваат првите резултати од минатогодишниот попис.
Бројот на муслиманите се зголеми од пет на 6,5 отсто, додека процентот на оние кои се идентификуваа како Будисти, Сики, Хиндуси и Евреи остана главно ист како пред десет години, според Си-Ен-Ен.
Иако има забележлива промена во етничкиот состав, повеќе од 90 отсто од граѓаните на Англија и Велс изјавиле дека се чувствуваат Британци.
Околу 82 отсто од луѓето во Англија и Велс рекоа дека се бели, што е пад од четири отсто според пописот во 2011 година.
Азијците се втората по големина етничка група во Британија, во моментов со 9,3 проценти.
Луѓето кои се идентификуваат како Азијци, термин што генерално го користат Британците за да се однесуваат на јужноазиските земји, вклучувајќи ги Индија,
Пакистан и Бангладеш, ја сочинуваат втората по големина група на население во ОК со 9,3 отсто.
Во претходниот попис ги имало 7,5 отсто.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата