logo
logo
logo

ХОРОСКОП ЗА 29 МАРТ: Еве кои знаци ќе ги РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ

Vecer | 29.03.2023

ХОРОСКОП ЗА 29 МАРТ: Еве кои знаци ќе ги РЕШАТ ПРОБЛЕМИТЕ

ОВЕН

Своите планови ги врзувате за ветувањата кои ви ги дале пријателите. Премногу одложувања може да ве доведат до неугледна ситуација во која на крајот ќе се правдате на претпоставените, на кои вашите аргументи ќе им бидат смешни.

БИК

Ги доведувате до крај заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Одредена одлука или судска пресуда ќе разреши една дилема, и потоа во преговори влегувате како полноправна преговарачка страна, вредна почит.

БЛИЗНАЦИ

Потребно да бидете сериозни и да го одработите својот дел од работата на најдобар начин. Не е лошо тоа што умеете да се опуштите, но таквиот однос кон обврските подоцна би можел да предизвика негативни последици за чија поправка може да биде доцна.

РАК

Имате прилика да отпатувате, но не далеку од местото на живеење. Низ разговори во кои ќе водите главен збор, ќе завршите важна работа која во перспектива ќе ви ги подобри финансиите.

ЛАВ

Оптовареноста на работа може да прерасне во опсесивна борба. Вашата упорност е вештина, но некогаш е паметно да сопрете. Им замерувате на луѓето кои сонуваат, а не земате во предвид дека и вие не сте некој рационален тим, и сите ваши одлуки се ирационални.

ДЕВИЦА

Уживате благонаклонетост од влијателни лица. Сепак, не се опуштајте премногу, затоа што во прашање се луѓе кои од вас, за возврат, очекуваат безгранична лојалност. Може да ви се случи да некој од нив ве принуди на потези со кои ќе бидете доведени во независна ситуација.

ВАГА

Се чувствувате непријатно затоа што во вашето опкружување доминира чудна атмосфера која, ако не реагирате, се заканува да стане штетна за вас. Ако на време не се ангажирате, и не ги расчистите недоразбирањата, се може да се закомплицира.

СКОПРИЈА

Се занимавате со начин на работа и наоѓате интересни мотедои кои се кристализираат во текот на работата. Потешкотиите со претпоставените ќе се манифестира првично низ притисок дека мора се да биде завршено пред рокот.

СТРЕЛЕЦ

Мора да прифатите компромис доколку сакате да ја искористите големата шанса својата креативност и чувство за естетика добро да ја материјализирате. Застојот кој може да се појави е од минлив карактер, но само ако научите да не се спротивставувате.

ЈАРЕЦ

За да го постигнете она кое го сакате, неопходно е да побарате помош од лице кое според статусот е далеку над вас. Таа личност добро ја познавате, но денеска е можна прилика да направите конкретен чекор и да го побарате она кое одамна го сакате.

ВОДОЛИЈА

Ја прекинувате комуникација со еден член на семејството, затоа што така ви е полесно. Избегнувањето на разговори не води кон решение, напротив. Бегање дополнително го продлабочува проблемот и ги комплицира односите. Без разлика на непријатноста, расчистете ги работите до крај.

РИБИ

Ве мачат финансии. Од сите страни се испречуваат сметки, па дури и пари на заем, кој го немате. Немате трпение за туѓите проблеми затоа што не сте сигурни како да ги решите и своите. Немојте да бидете престроги кон луѓето, ќе дојде ден кога нешто и вам ќе ви треба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk