logo
logo
logo

ХОРОР НА ХИМАЛАИТЕ: Снежна лавина затрупа алпинистички камп! Уништени 30 шатори (Видео)

Vecer | 02.10.2022

ХОРОР НА ХИМАЛАИТЕ: Снежна лавина затрупа алпинистички камп! Уништени 30 шатори (Видео)

Водачот на експедицијата Таши Шерпа бил меѓу оние кои се обиделе да се искачат на планината Манаслу на непалските Хималаи, која со 8.163 метри се смета за осма највисока планина во светот.

Во тој процес, тој успеал да сними речиси една трагедија - огромна лавина која го затрупа нивниот базен камп.

Според Таши Шерпа, еден од водачите на експедициите на планината Манаслу, лавината, за среќа, не однела животи, но уништила повеќе од триесетина шатори поставени во базниот камп.

Некои експедициски компании последователно ги откажаа понатамошните искачувања на планината оваа сезона.

Инаку, двајца алпинисти загинаа во лавина пред една недела.

- Инцидентот се случи само една недела по слична несреќа на 26 септември, во која загинаа две лица, а десетици беа повредени, соопшти Министерството за туризам на Непал.

Времето во текот на годинашната сезона на овие простори инаку не беше најповолно за алпинистите. Министерството за туризам издаде повеќе од 400 дозволи за искачување на оваа планина оваа година, според India Today.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk