Службата за брза помош во Нов Јужен Велс соопшти дека несреќата се случила откако невреме ја погодило областа, пишува The Guardian.

Болничарите биле на местото на настанот и го реанимирале малото. Од полицијата велат дека момчето го преживеало ударот на гром, но дека се уште е под опсервација. Австралиското биро за метеорологија издаде предупредување за силна бура за делови од источен Нов Јужен Велс, вклучително и области околу Волонгонг.