logo
logo
logo

ГЕРМАНСКИ НАУЧНИЦИ ТВРДАТ: Ја решивме мистеријата за згрутчување на крвта по вакцинација, а еве и како да се избегне

Vecer | 27.05.2021

ГЕРМАНСКИ НАУЧНИЦИ ТВРДАТ: Ја решивме мистеријата за згрутчување на крвта по вакцинација, а еве и како да се избегне

Научници во од Универзитетот Гете во Франкфурт велат дека ја репиле „загатката“, односно причината за ретката појава на згрутчување на крвта по аплицирање на вакцините од АстраЗенека и Јансен од Џонсон и Џонсон и тие веруваат дека вакцините може да се променат за целосно да се избегне ваквата реакција, пишува Фајненшл тајмс.

Научниците, во студија што сè уште не е разгледана од експерти, велат дека вакцините против ковид-19, кои користат аденовирусни вектори, кои испраќаат од т.н. S-spike протеин во клеточната структура, каде што некои од „упатствата“ за создавање на протеини на корона вирусот можат погрешно да се протолкуваат.

Добиените протеини можат да предизвикаат згрутчување на крвта кај мал број пациенти, посочуваат германските научници.

Научниците исто така нагласуваат дека вакцините со употреба на различна технологија позната како „mRNA“, онаа што ја развија Фајзер/БиоНТек иМодерна доставуваат генетски материјал на Spike-протеинот само во течноста наклетката, но не и во нејзиното јадро.

- Сите вакцини базирани на mRNA треба да бидат безбедни производи - се наведува во студијата.

Трудот сугерира дека производителите на вакцини кои користат аденовирусни вектори може да го модифицираат резултатот на Spike-протеинот за да избегнат несакани реакции на спојување, како и да се зголеми безбедноста на овие фармацевтски производи.

„Со податоците со кои располагаме, можеме да им посочиме на компаниите како да ги изменат тие проблематични секвенци на начин кој ќе ги спречи непосакуваните реакции“, велат германските ннаучници.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk