logo
logo
logo

Голем скандал: Принцот Хари се спомнува во тужбата против Пи Деди поради ескорт забави

Vecer | 26.03.2024

Голем скандал: Принцот Хари се спомнува во тужбата против Пи Деди поради ескорт забави

Продуцентот кој работеше со Диди, Родни Џонс (Лил Род), го тужеше познатиот рапер за сексуален напад и вознемирување од септември 2022 до ноември 2023 година. Според документите добиени од People, Родни, кој продуцираше девет песни на последниот албум на Диди, „сведочил , доживеал и издржал многу работи кои ја надминуваат неговата улога како продуцент на албумот 'Love'“.

Меѓу другото, Лил Род во својата тужба тврди дека познанството на Диди со војводата од Сасекс и други големи ѕвезди нему и на неговите соработници им дало „легитимитет“.

Адвокатите на Лил Род велат дека забавите на Диди, кои наводно служеле како „трговија со секс“, привлекувале гости поради неговиот пристап и врските со познати спортисти, политичари, музичари, актери, како и британското кралско семејство, принцот Хари.

Сепак, документите поднесени во САД минатиот месец не укажуваат на тоа дека војводата од Сасекс сторил нешто незаконско.

Дека Хари и Диди се познавале сведочат нивните заеднички фотографии, а на една од сликите со нив е и раперот Канје Вест.

Инаку, ова не е првпат членовите на кралското семејство да бидат вмешани во тешки судски обвиненија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk