logo
logo
logo

Годзила назначен за шеф на полицијата во Токио на еден ден

Vecer | 27.03.2024

Годзила назначен за шеф на полицијата во Токио на еден ден

Како што пренесуваат јапонските и австралиските медиуми, полициската управа во Токио го „најмила“ Годзила на еден ден, на фукцијата шеф на токиската полиција.

„Чудовиштето“ на прес-конференција добило специјална лента како подарок, а потоа во придружба на полицајци се упатило кон улиците на Токио.

„Пораката на Годзила до градот е една за безбедноста на патиштата. Ова чудовиште е меѓу неколкуте јапонски измислени ликови избрани да ја подигнат јавната свест за тоа како да се остане безбеден во густиот и зафатен сообраќај во Токио“, објави австралискиот медиум 7 Њуз.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk